Сека Алексиќ се надмина себе: Роденденот на синот Јаков му го прослави на несекојдневен начин (ФОТО)
Темата на роденденот била инспирирана од серијата „La Casa de Papel“...
Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ организираа неверојатна прослава по повод роденденот на нивниот син Јаков.
Пејачката имала несекојдневна ситуација кога во дворот на нејзината вила пристигнале неколку вооружени луѓе, кои носеле црвени костими ккао оние кои ги носеа ликовите од серијата „La Casa de Papel“. Секако оружјето било само играчка.
Актерите маскирани во хероите од ова остварување влегле во дворот и почнале да трчаат кон дечињата кои со воодушевување ги дочекале.
Многумина се зачуделе што целиот двор бил во мотивите на оваа серијата, бидејќи станува збор за детски роденден, а се гледа дека Сека се потрудила сѐ да биде највисоко ниво.
Балоните, играчките, шесте големи торти, парите, аниматорите биле само дел од големата прослава.
Сепак, слободно можеме да кажеме дека најголем впечаток оставил моментот кога мажите со пластично оружје влегле во дворот.
фото: Притнскрин / Инстаграм