Секогаш беше тажна, а денес има насмевка со која освојува: Како изгледа и со што се занимава малата Елиф? (ФОТО)

Секогаш беше тажна, а денес има насмевка со која освојува: Како изгледа и со што се занимава малата Елиф? (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Многумина се прашуваат каде е денес и како изгледа Елиф...

Турската серија Елиф ги освои срцата на публиката ширум светот, а се снимаше од 2014 до 2019 година. Во Македонија публиката со нетрпение ја очекуваше секоја нова сезона.

Она што беше посебно интересно е судбината на малото девојче Елиф. Улогата ја глумеше Дамла Гувенилир, која на светот му го покажа својот неверојатен талент. Таа израсна работејќи на овој проект, додека гледачите имаа можност да го следат нејзиниот развој. Тоа беше уште една причина за да се врзат за неа.

Девојчето кое сите добро го паметат денес е тинејџерка која се занимава со пливање, јавање коњи, оди на училиште и тренира тенис. Интересно е и тоа што таа е родена во Њујорк.

Татко ѝ е Американец, а мајка ѝ е од Турција. На нејзините родители најважно им било да не го запостави училиштето за време на снимањето на серијата. Сега е одлична ученичка, посетува државно училиште и оди на безброј хуманитарни акции. Како што истакнува и самата, планира да продолжи да се занимава со глума, но и да студира медицина.


фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: