Секоја чест: Слободно Скопје оживеа преку макетите на дечињата од „Светот на Колорес“

Секоја чест: Слободно Скопје оживеа преку макетите на дечињата од „Светот на Колорес“

Објавена во: Совети // School zone

Вчера во Културно информативниот центар во Скопје по повод 13-ти ноември- ослободувањето на главниот град, приватните градинки „Светот на Колорес“ направија изложба на макети.

Вредните детски рачиња со помош на своите учителки и родители го оживеаа старо Скопје преку своите макети кои побудија воодушевување кај сите присутни кои го посетија овој убав настан.

Сите големи знаменитости на главниот град, како Скопското Кале, Старата железничка станица, фонтаната Воинот на коњ, Градскиот стадион, Камени мост- беа до детал точно доловени преку нивните макети.

Наоколу можеа да се видат и згради, паркови, како и цртежи инспирирани од Скопје. Во позадина се слушаше „Скопје радост ти ќе бидеш“, а гордите деца и родители радосно се фотографираа со својот вложен труд.

Браво!


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: