Селена Гомез ги збуни сите: Сакам да ја напуштам музиката, но ќе ѝ дадам уште една шанса

Селена Гомез ги збуни сите: Сакам да ја напуштам музиката, но ќе ѝ дадам уште една шанса

Објавена во: Stars // Музика

„Тешко е да се снима музика кога луѓето не ве сфаќаат сериозно“ - зборува Селена...

Селена Гомез вели дека во иднина себе не се гледа во музиката.

Во новото интервју за магазинот „Вог“, 28 - годишната пејачка кажа дека е на чекор од тоа да се пензионира кога е музичката кариера во прашање.

„Тешко е да се снима музика кога луѓето не ве сфаќаат сериозно“ - зборува Селена.

„Често ми доаѓаат моменти кога помислувам - што е поентата, зошто го права сево ова. Мислам дека песната „Lose You To Love Me“ беше најдобрата која некогаш ја имам објавено, а на некои луѓе ниту ова не им беше доволно“ - вели таа.

„Благодарна сум на многуте луѓе кои уживаат во мојата музика и поради тоа и понатаму снимам, но мислам дека следниот албум ќе го снимам на друг начин. Ќе ѝ дадам на музиката уште една шанса, пред да ја напуштам целосно“ - јасно истакна Селена.

Ѕвездата, која претходните години се фокусираше на продукцијата серии и филмови, модата, но и глумата, истакна дека сака посериозно да ѝ се посвети на глумата.

Селена Гомез наскоро ќе објави EP на шански јазик и вели дека тоа е нејзината „друга страна“, како што Бијонсе имаше алтер - его, Sasha Fierce.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: