Селена Гомез го обвини менаџерот на Џастин Бибер: Ја ограби Тејлор
За време на летото, музичката индустрија беше поделена на две страни. Едни го бранеа Скутер Браун, менаџерот на Џастин Бибер, а другите беа на страната на Тејлор Свифт.
Имено, кога Браун ја купи Big Machine Records, за која снимаше Тејлор, ги доби правата на сите нејзините досегашни песни. На Тејлор ова не и се допадна и започна јавна „војна“.
Сега, драмата се врати, бидејќи на Тејлор и е забрането да ги изведува песните кој тој ги поседува. Во целата оваа каша, се замеша и Селена Гомез, другарката на Тејлор, кој на Инстаграм, помеѓу останатото напиша дека смета дека Скутер ја има ограбено Тејлор и дека „нема срце“.
На чија страна сте вие?