Селена Гомез и Џеј Ло во хуманитарна акција: Ги здружија силите со концерт за собирање вакцини за сиромашните земји

Селена Гомез и Џеј Ло во хуманитарна акција: Ги здружија силите со концерт за собирање вакцини за сиромашните земји

Објавена во: Stars // Музика

Ова е спектакл за кој ќе се зборува...

„Global Citizen“ најавува прекрасна и амбициозна кампања за помош на медицинските работници и во најсиромашните земји на светот за побрзо да примаат вакцини за Ковид - 19. Тие со овој гест апелираат дека неопходните Ковид - 19 вакцини треба да бидат распределени рамноправно, без дискриминација на земјите од „третиот свет“.

Имено, оваа организација за борба против сиромаштијата најавува спектакуларен музички настан  - VAX LIVE: Концерт за повторно обединување на светот, со цел корпорациите да соберат неверојатни 22 милијарди долари за глобално вакцинирање. Концеротот, кој ќе се емитува на 8 мај на разни американски ТВ канали, но и на Јутјуб, ќе го води Селена Гомез, со Џенифер Лопез како главен изведувач.

Освен Џенифер, во овој хуманитарен проект ќе се приклуча и други музичари, т.е. Еди Ведер, Џеј Балвин, Foo Fighters и H.E.R.

„Постојат 27 милиони здравствени работници ширум светот кои немаат пристап до вакцини. Имам 38 години и не е етички да примам вакцина пред овие херои. Значи, потребно е владите итно да донираат вакцини за загрозените краишта.“ - изјави Хју Еванс, директорот на оваа организација.

„Ова е историски момент да ги охрабриме луѓето ширум светот да се вакцинираат кога ќе им стане достапна. Да ги повикаме светските лидери за рамноправно да ги делат дозите вакцини. Ги повикуваме луѓето да уживаат во музичката ноќ, која на нас минатата година ни изгледаше невозможна. Едвај чекам да бидам дел од тоа“ - изјави Селена Гомез.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: