Селена Гомез не е веќе „кралица“ на Инстаграм
Од 2016 година до неодамна Селена Гомез беше најследената личност на
Инстаграм, но некој ја претрка.
Новиот „крал на Инстаграм“ е фудбалерот Кристијано Роналдо, кој со години беше на второ место, а сега има 150 000 следбеници повеќе од Селена.
Првата објава откако стана најпопуларен на Инстаграм ја објави од теретана, на петкратниот освојувач на Златната топка голем број следбеници му донесе и овогодинешниот трансфер кога за 100 милиони евра премина од Реал Мадрид во Јувентус.
Селена не е девојка што е опседната со бројот на следбеници, па веројатно оваа вест воопшто и не ја вознемири. Доколку ја следите и сами знаете дека во последно време таа не е многу активна на социјалните мрежи, а последниот нејзин пост на Инстаграм беше на 24 септември кога најави дека ќе паузира од социјалните мрежи, тогаш беше и хоспитализирана заради нервниот слом.
Инаку последниве две години Селена беше најпопуларна девојка на Инстаграм, откако ја превзема титулата од Аријана Гранде.
Меѓу најпосетените профили на Инстаграм очекувано се најдоа и оние на Нејмар, Ким Кардашијан, Бијонсе, Двејн Џонсон, Кајли Џенер и Тејлор Свифт.