Селена Гомез се гледа со познат поп пејач: Мементално е во лабава врска и се многу среќни
Селена се заљуби...
Секогаш е убаво да се види дека во Холивуд се има нова двојка и дека некои ѕвезди пронашле љубов. Сега почнаа гласините дека Селена Гомез е во нова врска. Извор близок на двојката откри каква е ситуацијата.
Новата година за Селена Гомез започна добро, бидејќи во неа влезе со нова и возбудлива врска. Сигл статусот го замени лабава врска. На познатите личност, одењето на состаноци сигурно не им е лесно, бидејќи секој нивен чекор се следи и секогаш се дознава со кој се гледаат. Овој пат не беа папараците оние кои ја разоткрија оваа двојка, туку извор близок до нив.
За „US Weekly“ тој извор откри многу за нивната нова врска. А кој е тој воопшто? Избраникот на Селена е Дру Тагарт. Името можеби не ти значи многу, но ќе знаеш кој е тој, кога ќе ти кажеме дека е една половина од дуото „The Chainsmokers“.
До неодамна Дру беше во врска со моделот Ив Џобс, а нивната разделба беше сосема мирна, по што останаа добри односи, без многу драми. Извор близок на двојката кажа дека нивната врска засега е само лабава, бидејќи само што почнаа да се гледаат и дека тоа дефинитивно не е ништо сериозно. Тој откри дека не се обидуваат да ја кријат својата врска, но дека уште не се дојдени во фаза за еден со друг да се објавуваат на социјалните мрежи. Не ја покажуваат многу својата врска, бидејќи само што започнале да се запознаваат.
Досега била на многу состаноци - вклучувајќи куглање и одење на кино. Сепак, папараците уште не го уловиле заедно. Извор близок на двојката кажа и дека Селена не може да ги држи рацете далеку од него и дека се среќни и дека се забавуваат. Ова е двојка која дефинитивно никој не ја очекуваше.
фото: Принтскрин / Инстаграм