Селена Гомез во врска со Зејн Малик: Видени се како се бакнуваат, се огласи и Џиџи Хадид
Странските медиуми не престануваат да пишуваат за нивната наводна врска...
Странските медиуми не престануваат да пишуваат за наводната врска помеѓу пејачката Селена Гомез и пејачот Зејн Малик.
Гласините за врската за првпат станаа вирални во март кога сопственичката на еден ресторан во Њујорк објави видео на ТикТок, откако од другите хостеси добила пораки дека Гомез и Малик се уловени на вечера.
Меѓутоа, извор вели дека Селена и Зејн биле излезени во „SoHo“ во Њујорк. Оделе фатени за раце и разменувале бакнежи. Голем дел од персоналот и гостите во ресторанот не ги забележиле. Изгледале како да им годи што се заедно и било јасно дека тоа е љубовен состанок, пренесува „Entertainment Tonight“.
По овие шпекулации, се огласи и неговата поранешна жена, манекенката Џиџи Хадид, која исткана дека нема ништо против и дека тоа е точно.
„Џиџи нема никакви проблеми со неговата нова девојка“ - кажа извор за „US Weekly“ и додаде:
„Сѐ додека тој е среќен и стабилен и продолжува да биде добар родител за Каи, таа е во ред да се гледа со било кој“.
За потсетување, Џиџи и Зејн беа заедно шест години и имаат ќерка, на која ѝ го дадоа името Каи. Се разделија во октомври 2021 година.
фото: Принтскрин / Инстаграм