Селски учител стана милијардер: Помагајќи им на другите да учат заработува богатство
Аџикоде, Индија овие денови доби уште еден милијардер, 37 годишен поранешен учител од мало село.
Бајџу Равендран доби 150 милиони долари во новата тура финансирања на неговата компанија која постои веќе 7 години, а е позната по апликацијата за учење.
Со тоа вредноста на компанијата го достигна износот од 5,7 милијарди долари.
Вредноста на личниот имот на Бајџу надмина милијарда долари, бидејќи тој сега поседува 21% од акциите на фирмата, пишува Бизнис Инфо.
Во неговиот проект досега инвестирале, помеѓу останатите, основачот на Фејсбук, Марк Цукемберг, кинеската компанија Tencent, Kатарскиот инвестициски фонд (Qatar Investment Authority) и други.
Бајџи стана еден од најмладите индиски милијардери, а неговиот успех е уште поголем, кога ќе се земе предвид неговото скромно наследство.
Тој е син на наставник по математика и физика, а пораснал во селото Аџикоде во јужна Индија. Подоцна студирал машинство, а многу рано ја открил својата способност да им помага на другите на учат. Во слободно време и помагал на колегите да ги подготвуваат испитите.
Гласот за неговите способности за подучување брзо се проширил и тој за брзо започнал да полни стадиони со своите предавања, а учениците и студентите ширум земјата му се обраќале со молба да им помогне со своите техники.
Во 2011 година заедно со еден колега ја основал Byju's апликацијата за учење. Тоа е онлајн образовна платформа за деца од 5 до 16 години. Апликацијата се состои од интерактивни видеа, игри и тестови, а им помага на учениците во секојдневните лекции и подготовки за испитите.
Со 7 годишното постоење на апликацијата, истата има 35 милиони корисници во Индија, од кои 2,5 милиони плаќаат годишна чланарина од 145 до 290 долари. Ова стана најефтината ed-tech (образование и технологија) компанија на светот.
Новиот милијардер сега планира глобална експанзија, а целта му се Соединетите Американски Држави и Велика Британија, по неодамна договореното партнерство со компанијата Walt Disney Co.
Равендран вели дека нивната соработка ќе им помогне на децата ширум светот да учат со помош на омилените Дизни ликови.