Семејна фотографија на Бекамови поради која сите им се смеат: Дали мислеа дека ова никој нема да го забележи?
Дејвид и Викторија Бекам објавија семејна честитка на која целото внимание го украде еден урнебесен детаљ.
Познатиот фудбалер Дејвид Бекам и неговата сопруга Викторија празниците ги честитаа празниците со семејна фотографија, која и двајцата ја споделија на своите профили на Инстаграм.
Родителите на четири деца позираа со своите синови Ромео, Бруклин и Круз, како и со ќерката Харпер Севен покрај големата новогодишна елка, а сите за таа прилика се свечено облечени и во рекорден рок добија милиони лајкови.
Сепак, не им требаше долго време за вниманието од идиличната семејна глетка да биде украдено од еден урнебесен детаљ на фотографија.
Имено, многумина забележаа дека Дејвид стои на прсти за да биде малку повисок покрај своите синови кои го имаат надраснато, а фотографијата од неговите приближени стапала го преплавија Твитер.
„Прекрасна фотографија, а особено господин Бекам кој соти на врвот од прстите“, „Дали уште некој забележа дека Дејвид стои на прсти за да биде повисок?“, „Дејвид Бекам кој стои на прсти за да би биде повисок од својот син е нешто најдобро што ќе го видите денес“, „Дали мислеа дека ова никој нема да го забележи?“ - се само некои од бројните коментари на социјалната мрежа.
Is becks really that concerned that his kids are taller than him that he has to stand on his tip toes
— Dirk Moritz (@number1wanderer) December 27, 2021