Семејно во бојата на пролетта: Малата Лена позира со мама Емра и тато Петар
Емра Куртишова актерката која го толкуваше ликот на Исаура во првата популарна македонска Ситком серија „Преспав“, ужива во мајчинството.
Таа објави неколку фотографии заедно со малата Лена и нејзиниот сопруг Петар, облечени во иста боја.
Емра ја одбрала пролетната жолта боја која потсетува на пролетните нарциси кои цветаат во овој период од годината.
Малата Лена неодамна ја имаше и нејзината прва филмска улога. Емра објави неколку фотографии од филмски сет и напиша: „Првиот филм на Лена, малата актерка“.
Фото: Инстаграм