Семејството на Кика Ѓукиќ конечно ги земало нејзините лични работи: Се огласи мајката на јутјуберката (ФОТО)
Истрагата и понатаму е во тек, па не можеле да го добијат телефон...
Младата јутјуберка Кристина Кика Ѓукиќ почина вечерта помеѓу 8 и 9 декември минатата година, под уште неразјаснети околности. Таа е пронајдена мртва во стан во Белград, а многумина тогаш мислеа дека во прашање е самоубиство.
Сепак, подоцна се огласи нејзиното семејство кое не ги потврди тие наводи, туку изнесе дека ни тие не знаат под кои околности настрадала Кика.
Мајката на младата јутјуберка, Наташа Ѓукиќ, се огласи сега и кажа дека конечно ги добила личните работи на Кика.
„Конечно ги добивме работите на Кика, но не и телефонот, бидејќи истрагата и понатаму трае“ - напиша таа на својот Инстаграм профил, покрај фотографијата од својата покојна ќерка, каде во коментари доби голема поддршка.
За потсетување, Наташа последен пат се огласи на 9 јуни, на шест месеци од смртта на нејзината ќерка, каде исто така на споменатата социјална мрежа напиша:
„Денес е точно половина година откако ја нема нашата Кика, а ние уште не можеме да ги земеме нејзините работи. Душата боли, срцето се крши, а што навистина се случило уште не знаеме“ - напиша мајката на Кика тогаш, но изгледа дека се сѐ поблиску до расветлување на овој болен настан.
фото: Принтскрин / Инстаграм