Семејството на починатата Кика се огласи и го покажа наодот од обдукцијата: Имаат само една молба за сите

Семејството на починатата Кика се огласи и го покажа наодот од обдукцијата: Имаат само една молба за сите

Објавена во: Живот // Живот

„Нашата Кика повеќе ја нема и тоа е нешто што за жал не можеме да го промениме“ - стои во соопштението.

Поради бројните шпекулации за смртта на младата јутјуберка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ, нејзиното семејство одлучи да се огласи со соопштение, но и да ги приложи наодите од обдукцијата.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Нашата Кика повеќе ја нема и тоа нешто што за жал не можеме да го промениме. Она што можеме да го направиме е да ги замолиме медиумите, јутјуберите, пријателите и „непријателите“ да престанат со шпекулациите за тоа што се случило и што е причината за смртта.

Во извештајот од обдукцијата стои дека причината за смртта е НЕПОЗНАТА. На токсиколошкиот наод се чека и до два месеци, така што пред тоа нема да имаме информации за тоа што точно се случило.

Со тоа што шпекулирате и зборувате за тоа дека Кика се убила, доведувате до тоа ние да не можеме да го погребеме нашето дете и сестра, бидејќи попот не сака да одржи опело поради информациите кои се шират во медиумите.

Со овој извештај кој го доставуваме, патријаршијата ќе го одобри погребот, но за жал, барањето се испраќа по пошто и нема да стигне на време, односно до терминот за погреб, кој е во вторник во 13 часот.

По овој повод ги молиме сите луѓе, медиуми и црквата да дозволат на достоен начин да се простиме од неа и да ја погребеме според обичаите на Српската православна црква“ - наведува семејството Ѓикиќ.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: