Семејството Ражнатовиќ завиено во црно: Вељко и Анастасија во солзи поради неговата смрт (ФОТО)
Вељко и Анастасија се скршени поради загубата на саканата личност...
Семејството Ражнатовиќ изминатите денови имаше голем повод за славење. Имено, синот на Цеца дозна дека повторно ќе се оствари во улогата на татко, стана првак во бокс во Србија, прослави роденден, меѓутоа, голема трагедија им ја тргна насмевката од лицата, а тагата ја зголеми големата среќа.
Имено, еден од блиските пријатели на Вељко и Анастасија, со кој од мали нозе ги делеле убавите и лошите животни ситуации, изненадно починал, а братот и сестрата преку социјалните мрежи со потресни зборови се простија од Жарко.
„Почивај во мир прекрасна душо. Никогаш нема да те заборавиме“ - напиша Анастасија, додека Вељко, кој е неутешен поради смртта на Жарко, објави низа фотографии и видеа.
„Последен поздрав до мојот помлад брат. Те сака твојот брат најмногу на светот. Нека Бог ти ги отвори вратите од рајот, бидејќи беше најдобриот човек кој го познавам. Многу те сакам братот“ - напиша Вељко, видно вознемирен.
фото: Принтскрин / Инстаграм