Семејството во шок: Четири годишно момче излегло надвор да си игра, а се вратило со млад елен (ВИДЕО)
Прекрасната средба на едно четиригодишно момче со елен стана вирална на социјалните мрежи благодарение на слатките слики и приказната за тоа како се запознале.
Стефани Браун го испрати својот син Доминик надвор да игра додека таа била зафатена со пакување на нивните работи по пријатен престој во одморалиштето Massanutten во планините на Вирџинија. Кога ги слушнала неговите чекори на тремот, видела глетка која никогаш нема да ја заборави.
4-годишниот Доминик со себе донел нов пријател што го стекнал надвор – млад елен.
„Го гледам него и бебето елен како стојат еден до друг, речиси влегуваат внатре“, рече Стефани.
„Бев целосно шокирана!“ Замрзнав за секунда бидејќи буквално не знаев што да правам“.
Стефани веднаш го направила го земала телефонот и направила слики од момчето со еленот и ги споделила на социјалните мрежи. Не требаше многу време за нејзината објава да стане вирална.
Таа рече дека и двајцата биле пресреќни но и усогласени, ако Доминик ја навалувал главата на страна, истото го правел и еленот.
Она што беше уште послатко во тој момент е тоа што момчето било облечено во пижами Рудолф The Red-Nosed Reindeer.
Но Стефани му рекла на својот син да го врати еленот во шумата и да го остави таму, а Доминик го направил токму тоа и малото еленче повторно се придружило на неговото семејство.
Виралната фотографија на двајцата привлече илјадници коментари од луѓе ширум светот кои беа воодушевени од невиноста на момчето и чистата љубов меѓу двајцата нови пријатели.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/video.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fstephanie.orrantia%2Fvideos%2F4322206051127715%2F%3Fref%3Dembed_video&show_text=0&width=560" width="560" height="317" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowfullscreen="true" allow="autoplay; clipboard-write; encrypted-media; picture-in-picture; web-share" allowFullScreen="true"></iframe>