Сериозен чекор во врската: Како Цеца ги запозна родителите на Богдан?

Сериозен чекор во врската: Како Цеца ги запозна родителите на Богдан?

Објавена во: Живот // Живот

Цеца ги запознала родителите на Богдан во неговиот дом во Крагујевац, што е уште еден показател дека нивната врска за кратко време станала сериозна...

Светлана Цеца Ражнатовиќ е позната како некој кој за својот емотивен живот не сака да зборува. Затоа веста дека е во врска со Богдан Срејковиќ предизвика голем интерес во јавноста. Нивната прва средба се случила на роденденот на пријателка на Цеца, каде уште веднаш се појавиле симпатиите.

Она што и е многу важно на Цеца, нејзиниот избраник им се допадне на нејзините деца Анастасија и Вељко, кои на својата мајка ѝ посакаа среќа во љубовта.

„Јас би ја поддржал мајка ми ако таа се реши да се омажи. Имам семејство, Анастасија има момче, и таа ќе се омажи. Кога сите ќе одиме некаде, мама сигурно не треба да седи сама во куќата како куче. Таа треба да го живее својот живот и да ужива во него. Луѓето треба да разберат дека мајка ми не се разведе, туку дека татко ми беше убиен. Ниту еден човек никогаш не прошета низ нашата куќа! Мајка ми ја чуваше сликата на татко ми, како и презимето на нашето семејство и интегритетот на семејството. Имаме пофални зборови за сè што направи за Анастасија и мене“ - го истакна Веjко своето мислење за „Хит Информер“ и додаде:

„Навистина сум среќен што најде некој! Го прифатив тој човек, бидејќи секогаш го почитувам нејзиниот избор. Најважно ми е дека тој ја почитува и сака мојата мајка“ - заклучи Вељко.


Имено, тие вчера заедно заминале во Крагујевац, родното место на Богдан, каде семејството Срејовиќ ја прослави куќната слава Свети Јован Крстител. Во таа прилика, Цеца го запозна таткото на Богдан, Милош Срејовиќ, инаку познат спортист.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: