Сестрата на Бритни Спирс во книгата открива семејни тајни: Ја присилувале да абротира на 16 години
Семејството Спирс не престанува да ја шокира јавноста: откако Џејми Спирс по 13 години го изгуби старателството и апсолутната контрола над својата ќерка Бритни, сега за своето семејство се огласи и нејзината сестра Џејми Лин Спирс.
Некогашната тинејџ ѕвездата откри дека проживеала „вистински пекол“ откако останала бремена на само 16 години. Главната причина за тоа било нејзиното семејство кое ја присилило да абортира и се трудело целиот случај да го сокрие од очите на јавноста, тврди таа во својата книга „Things I Should Have Said“.
„Моите блиски луѓе дојдоа во мојата соба и се обидоа да ме уверат дека одлуката да станам мајка во мои години била ужасна грешка... „Тоа ќе ти ја уништи кариерата. Премлада си. Не знаеш што правиш. Постојат апчиња кои можеш да ги испиеш и да се решиш од овој проблем, а ние ќе ти помогнеме. Знаеме доктор.“ - тоа ми го велеа. Сите околу мене само сакаа овој проблем да исчезне“ - наведува таа во својата исповед.
Исто така откри дека семејството ѝ го одземало мобилниот телефон за да не контактира некој и никој да не дознае дека е бремена. Тврди дека исто така ѝ забрале да ѝ каже било што на нејзината сестра Бритни.
„Ми потребаше повеќе од било кога, а таа не можеше да ми помогне кога ми беше најпотребно... Тоа дека не смеев да ѝ кажам на мојата сестра што ми се случува ме боли и денес“ - признава Џејми Лин.
Во својата книга наведува дека и нејзиниот татко бил особено вознемирен поради бебето и дека ја форсирал да го даде на посвојување. Сепак, нејзиниот тим соработници екслузивно ја продал приказната на магазинот „ОК!“ и им отстапил првите фотографии од бебето.
Нејзината мајка била многу разочарана што тоа се случило и тие две, додека праказната не била објавена, се криеле од очите на јавноста во колиба надвор од градот.
Џејми Лин беше критикувана поради неодамнешната судска драма на нејзината сестра, а обожавателите на познатата пејачка ја нападнаа дека работела против својата сестра. Тврдат дека ѝ го загорчувала животот за време на старателството, кој нивниот татко го имал над Бритни.
фото: LA/Getty Images