Сестрата на Селена порасна: Веќе се шегува со познатата пејачка на интернет
Дека времето минува брзо, најдобро говори фактот дека сестрата на Селена, Грејси, повеќе не е бебето на кое се сеќаваме! Симпатичното мало девојче сега има осум години и според сите претпоставки, таа многу подобро се снаоѓа на ТикТок отколку нејзината постара сестра. Впрочем, тоа можевме да го видиме во нивното ново видео на ТикТок!
Додека Селена се занимава на ТикТок, дури и не знаејќи што точно прави, Грејси и вели: „Ме срамиш“. Работите стануваат уште полоши кога Селена сфаќа дека без да знае избришала едно видео, а Грејси потоа почнува да се кикоти!
@selenagomez Remember snap chat guys
original sound - Selena Gomez
После тоа, Селена премина на Snapchat, мислејќи дека таму ќе се снајде подобро, и по малите проблеми констатираше: „Snapchat е вистинската работа, ако се сеќавате“. Нејзиното претходно видео со Грејси собра околу 25 милиони прегледи, но пејачката сепак не сака да биде премногу експонирана.
Таа, исто така, неодамна им кажа на сите дека е најдобро да се одморат од социјалните мрежи, па дури и ја промовираше идејата дека треба да ги игнорираме Инстаграм и другите социјални мрежи за време на викендот. Ние сѐ уште веруваме дека клучот е во умереноста, на крајот на краиштата, за сѐ што ни се случува во животот!