Сестрите Хадид одбија да настапат на ревијата за долна облека на Ријана: На пејачката ѝ се заканува бојкот на модниот бренд?
Сè поради една личност
Пејачката и претприемач Ријана ја претстави својата четврта колекција на модната линија долна облека„ Savage X Fenty“.
И додека на минатогодишната ревија успеа да ги собере најубавите и најзначајните лица на модниот свет, оваа година „доби корпа“ од некои познати личности откако го објави појавување и ангажман на Џони Деп.
Светлината на денот ја здогледа видео клипот во кој холивудскиот актер гордо шета и ги претставува темнозелените пижами од брендот на Ријана, придружени со песната на „Outkast“, „So Fresh, So Clean“.
Такво нешто очигледно беше премногу за супермоделите Бела и Џиџи Хадид. Познатите сестри зазедоа јасни позиции во болната тужба на Деп-Херд и застанаа на страната на Амбер. Затоа одбија да учествуваат на ревијата на Ријана и да се вклучат во нешто каде што е вклучен и Џони.
Освен сестрите Хадид, Оли Александар, фронтменот на инди-поп групата „Years & Years“, изјави дека повеќе нема да носи облека на „Savage X Fenty“ и ги повика колегите да го бојкотираат брендот.
Ревијата за долна облека беше премиерно прикажана на „Amazon Prime“. Кара Делавињ, Ирина Шајк и Џоан Смолс учествуваа во шоуто исполнето со ѕвезди.
извор: teen385.dnevnik.hr