Сезоната во класата „микромакс“ ја заврши со 27 трки: Христо Ковачи со нови тркачки предизвици во 2022 година
Тркачката сезона во класата „микромакс“ за Христо Ковачи во 2021 година заврши со вкупно 27 трки.
- Сакам да се заблагодарам на моите родители кои секогаш во се што правам се со мене, целата јавност и сите мои следачи и поддржувачи, медиумите, моите другари и секако мојот единствен спонзор Мамас кој цела сезона ми даде безрезервна подршка, вели Ковачи.
Оваа тркачка сезона започна со прва трка во Италија и заврши во Словенија.
-Зедовме учество во РМЦ Австрија, ЦЕЗ Централна Европска Зона, Српскиот Шампионат и ССЦ Спорт Стил Купот. Вкупно беа предвидени 11 тркачки викенди или 33 трки вкупно од кои 6 трки беа откажани од организаторите а се оддржаа вкупно 27, дополнуваат тие.
Покрај успесите Христо немаше посериозни инциденти освен една незавршена трка поради технички дефект на моторот, и за жал 9 пропуштени трки од здраствени причини поради кои беа испуштени најмалку 3-4 позиции во генералниот пласман.
- Следната година Христо ќе има нов и уште посериозен предизвик. Според неговата возраст и тоа како се поделени класите на натпреварувачите, треба уште две сезони да биде во оваа класа, но поради висината и килограмите ќе мора да оди во поголемата класа. Таа класа е составена пред се од поголеми, далеку позрели и поискусни натпреварувачи и веројатно Христо ќе биде најмал меѓу најголемите. Сепак ова ќе биде мотив за нас за повеќе тренинзи и можност да се надогради себе си справувајќи се со своите конкуренти, велат од неговиот тим.
- Сепак останува особено важно да учествува во шампионати каде ќе има повеќе натпреварувачи во неговата нова класа со цел стекнување поголемо искуство, знаење и подобрување на неговите вештини за возење, додаваат од неговиот тим.