Шакира копнее по своите најмили: Тешко е кога не си ги гледаш децата по еден месец

Шакира копнее по своите најмили: Тешко е кога не си ги гледаш децата по еден месец

Објавена во: Музика, Семејство

Познатата пејачка, поради многуте обврски и хаотични распореди, често е далеку од своите деца.

Шакира, пејачката и сопруга на шпанскиот фудбалер Пике, ги шокираше обожавателите со признанието во едно интервју.

Имено, таа откри дека синовите Милан и Саша ги нема видено повеќе од еден месец.

„Понекогаш е многу тешко кога не можете да ги видите своите синови еден месец или дури и повеќе. Тоа е неверојатно тешко. Но, тогаш во тие ситуации ги повикувам на FaceTime, па така одржуваме константна комуникација, што на крајот и помага“ - објасни Шакира со дополнителен опис на деловните обврски и многубројните настапи поради кои има хаотично темпо.

Нагласува дека во сево ова најголема помош има од сопругот, со кој е во брак до 2011 година.

„Немам писмен договор околу задачите и одговорностите, но двајцате сме вклучени во родителството и пробуваме тоа да го правиме најдобро што можеме. Се поддржуваме и семејството многу ни помага“ - раскажа Шакира.


Објавена во: Музика, Семејство

Можеби ќе ве интересира: