„Шарлот е иста како баба ѝ“: Братот на принцезата Дајана сподели фотографија од детството
Многумина го споредија изгледот на Дајана од детството со сегашниот изглед на принцезата Шарлот, ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон...
Гроф Чарлс Спенсер сподели фотографија со неговата сестра, покојната принцеза Дајана, која е направена како дете. Се потсетил на далечната 1968 година, кога Дајана имала само седум години.
-Мојот прв училишен ден, септември 1968 година. Тато ја направи оваа фотографија со мене и мојата сестра Дајана пред да нè вози во Силфилд, навистина убаво основно училиште во Кингс Лин, Норфолк. Директорка беше госпоѓица Жан Лоу, топла и грижлива дама која ги сакаше своите момчиња и девојчиња. Таму бев до 1972 година, кога отидов во она што во моите мемоари го нарекував многу приватно училиште - напиша Чарлс.
Многумина го споредија изгледот на Дајана од детството со денешното појавување на принцезата Шарлот, ќерка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.
„Шарлот е копија на Дајана“, „Шарлот изгледа исто како Дајана“, „Ги гледам принцот Џорџ и принцезата Шарлот на оваа слика. Дефинитивно личат на семејството Спенсер“, се дел од коментарите.
Чарлс братот на Дајана неодамна ги објави мемоари, „A Very Private School “, што предизвика бура и го потресе англискиот училишен систем додека грофот за првпат пишуваше за сексуалната злоупотреба што ја доживеал како ученик во елитен интернат за момчиња.
Фото: Инстаграм
Извор: 24sata.hr