Шест месеци се допишувавме, водевме секакви разговори: Кога му го видов лицето, доживеав шок
Кристин Абадир сфатила дека нејзиното „момче“ било измамник иако поминала шест месеци во комуникација со него. Таа ја сподели својата приказна за да им помогне на другите да не се најдат во ситуација како нејзината.
Кристин сфатила дека нејзиниот љубовник „Џеј“ е измамник откако таа од Сиднеј долетала за Нов Зеланд за се сретнат за прв пат.
22-годишната девојка договорила состанок во ноќен клуб, но останала лута и збунета откако „тој“ е се појавил.
Целата ситуација кулминирала откако открила дека „момчето“ всушност е онлајн измамник и жена.
-Моите пријатели и јас го следевме телефонскиот број што ми го даде и успеавме да го најдеме името на личноста со која беше поврзан бројот.
Инаку Кристин има повеќе од 1.9 милиони следбеници, а „момчето“ ја привлекло по привлечните фотографии кои ги објавувал често.
-Пишувавме пораки околу три до четири месеци пред да ја официјализираме нашата врска. Но тој почна да станува насиле и посесивен, а тоа дополнително ја вклучи црвената сијаличка дека нешто не е во ред, особено откако одбивал да разговара преку видео.
-Ми беше чудно бидејќи ми испраќаше фотографии и видеа од своето тело, но никогаш од лицето. Меѓутоа, ми испратија аудио снимки на кои пее и зборува и видеа од неговата облека. Мислев дека е нормално, изјави таа.
Ништо не и беше сомнително додека не го погледна документарниот филм на Нетфликс наречен „Девојката која не постоеше“.
Таа сфатила дека „Џеј“ користел фотографии од друг маж - кој е оженет со деца.
Со помош на нејзините пријатели, Кристин успеала да ја пронјде измамничката.
Се соочила со жената која ја изневерувала - и конечно се помирила со ситуацијата.
Кристин денес е среќна во врска со маж кој го запознала за време на нејзиното патување во Нов Зеланд. Тие се обидуваат да направат нивната врска на далечина да функционира така што имаат долги видео повици секоја вечер.
Таа се надева дека споделувањето на нејзината приказна ќе им помогне на другите за да не се најдат во слични ситуации.
Фото:Christineabadir/instagram