Шест жени кои се инспирација за упис на СТЕМ студии: Без нив денес не би имале ни Интернет, а ни WiFi

Шест жени кои се инспирација за упис на СТЕМ студии: Без нив денес не би имале ни Интернет, а ни WiFi

Објавена во: Совети // School zone

Кои се жените кои го променија светот со своите откритија?

За жал ситуацијата е уште таква и жените се недоволно застапени во СТЕМ областите. Причините поради кои девојките покажуваат поголем интерес за општествените и хуманистичките науки може да се препишат и на постоењето на одредени општествени предрасуди во контекст на професии наменети за жени.

Меѓутоа, со набљудување на историјата, можеме да забележиме дека жените во научните области, иако се во помал број од машките колеги, направиле многу висококвалитетни и значајни откритија.

Кои се жените кои го променија светот преку науката, технологијата, инженерството и математиката?

# Марија Кири

Можеби најпознатиот научник на сите времиња, таа беше професор по физика на Сорбона кога беше незамисливо жените да предаваат на универзитетите. Таа тогаш беше првата жена во историјата што доби Нобелова награда и единствената личност што доби Нобелова награда во две области - за хемија и физика. таа ги откри елементите полониум и радиум и придонесе за подобро разбирање на радиоактивноста и радиоактивните хемиски елементи.

@alookbackintime #alookbackintime #history Suspense, horror, piano and music box - takaya

# Кетрин Џонсон, Дороти Вон и Мери Џексон

Можеби сте го гледале филмот „Hidden Figures“, кој ја следи приказната на трите математичарки вработени во НАСА, кои биле мозокот на една од најголемите операции дотогаш. Нивната задача била да ја пресметаат тараекторијата по која астронаутот ќе бдие лансиран во орбитата и со која ќе може безбедно да се врати. Нивните пресметки беа клучни за успехот на вселенските мисии со екипаж во раните 60-ти години на минатиот век, како и за слетувањето на Месечината во 1969 година.


# Хеди Ламар

Иако најмногу ја паметиме како актерка од старите филмови, Хеди беше пронаоѓач и брилијантен научен ум. За време на Втората светска војна, Хеди работеше на создавање фрекфенции кои е невозможно да се предвидат или да се нарушат, па затоа Хеди ја нарекуваме мајка на денешната WiFi мрежа и GPS, односно сето она без кое не би можеле да го замислиме модерниот живот денес. Воената морнарица на САД бесрамно го присвои нејзиниот патент, за кој таа не доби ниту еден долар, но по нејзината смрт армијата на САД јавно го призна нејзиниот голем придонес во технологијата.

@womenmonroe Hedy LAMARR #hedylamarr #invention #wifi #bluetooth #icon #women #beautiful #xyzbca #foryou #fyp #viral Originalton - Ayesha Nicole

# Радја Перлман

Ако Хеди е мајка на WiFi-то, тогаш Радја е секако мајка на Интернетот. Овој доктор по компјутерски науки од МИТ го напиша алгоритамот за STP протоколот, кој набрзо беше како најдобар и стана стандард. Нејзините иновации придонесоа за она што денес го знаеме како Интернет, а таа моментално поседува повеќе од 100 издадени патенти и многу престижни награди во областа на компјутерските науки, и да - не сака да ја нарекуваат „мајка на Интернетот“.

# Џоан Кларк

Историјата ќе ја памети како првата жена која добила диплома по математика од Кембриџ, но остала без неа, бидејќи во тоа време дипломи се доделувале само на мажи. Сепак, тоа не ја спречи да стане една од главните криптоаналитичари и нумизматичари за време на Втората светска војна. Работела на дешифрирање на непријателските шифри, а нејзината улога во проектот Енигма ѝ обезбедил Орден од Британското кралско, со кој се оддава почит кон придонесите во уметноста и науката. Нејзината приказна е овековечена во филмот „The Imitation Game“ со Кира Најтли, која доби Оскар за улогата на Џоан.


# Розалинд Френклин

Брилијантниот ум кој стои за откривањето на структурата на ДНК-та често се нарекува заборавена и ограбена хероина и научник. Зошто ограбена? Затоа што нејзините фотографии на кои се гледа спиралната структура на молекулата на ДНК-та ги украле Џејмс Вотсон и Френсис Крик, кои објавиле научна статија на оваа тема и добиле Нобелова награда за ова откритие. Розалинд почина млада, на само 38 години, и стакна феминистичка икона, запишана во историјата како гениј чии откритија беа украдени за двајца мажи да постигнат популарност и успех.


фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: