Шестгодишно момче доживеа страшна несреќа, беше прегазено од булдожер: Неговото закрепнување семејството го нарекува „чудо“

Шестгодишно момче доживеа страшна несреќа, беше прегазено од булдожер: Неговото закрепнување семејството го нарекува „чудо“

Објавена во: Совети // Семејство


Боди Боринг е 6-годишно момче од Тексас, кое беше прегазено од булдожер тежок 8 тони, прооде сам по една недела, а неговото семејство тоа го нарекува „чудо“.

Тој трагичен ден Боди никогаш нема да го заборави во животот. Момчето било на градилиште со својот татко кога се случила чудна несреќа.

Неговата мајка рече дека има скршени коски на карлицата, нагмечени бели дробови, фрактура на черепот, згрутчување на крвта, крварење на мозокот, а исто така и СОВИД-19.

Саманта ги информираше социјалните мрежи, споделувајќи фотографии и видеа од неговото патување до закрепнување и заблагодарувајќи им се на сите што се молеа за него. Господ беше толку добар со ова семејство, бидејќи само еден ден по несреќата, Боди беше веќе подобар.

„Врескав цел пат молејќи го Бога да не ми го земе детето“

Саманта напиша: „Боди ми рече: „Мамо, знаев кога го видов сечилото дека ќе ме удрат и дека ќе умрам.“ Искрено, врескав до Темпл молејќи го Бога да не ми го земе бебето, до тој степен што добив напад на паника. Го држев мојот помал брат, и двајцата плачевме велејќи: Мора да е добро, нема друга опција, мора да биде добро“.


Потоа таа додаде дека неговото закрепнување го нарекува вистинско чудо: „Сигурно знам дека Бог имаше најголема улога во спасувањето на моето дете. Нема друго објаснување. Сè уште сум во шок“, напиша таа.



Фото:screenshot

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: