Шишки какви што носат сите кул девојки во моментов: Шишките на Биркин звучат фенси, а уште полесно се стилизираат (ФОТО)
Промена за новото годишно време...
Пролетта некако е најдоброто годишно време за промени. Сите се среќни бидејќи конечно дојдоа потоплите денови, полни се со ентузијазам и општо сите се чувствуваат подобро. Промената која ја прават најголем број девојки ја добиваат по посета на фризерските салони.
Веројатно името на овие шишки ти звучи познато, а и треба. Биркин чантите се нешто за што секој љубител на модата може да сонува дека ќе ги има еден ден. Скапи се и тешко достапни, но се симбол на моќ и мода. Можеби нема да можеш да добиеш Биркин чанта, но затоа можеш да ги имаш шишките на Биркин. Овие шишки беа во тренд во 60-тите години, а популарноста ја добија од Џејн Биркин. Таа била инфлуенсерка во времето кога инфлуенсерите не постоеле.
Шишките кои ги носеше таа се вратија на големата врата и девојките ги обожуваат. Изгледаат женствено. Може да бидат идеални за сите оние кои сакаат шишки, но немаат време секое утро да ги стилизираат. Со овие шишки нема многу работа.
Па, еве за што станува збор и како всушност изгледаат.
фото: Принтскрин / Инстаграм