Шоканто признание на Бритни Спирс: Старателството ги уби моите соништа, надежта е сѐ што имам сега

Шоканто признание на Бритни Спирс: Старателството ги уби моите соништа, надежта е сѐ што имам сега

Објавена во: Живот // Живот

Поп ѕвездата Бритни Спирс се огласи на Инстаграм со објава со која повторно ја размрда светската јавност...

Имено, поп-sвездата која веќе 13 години се бори за слободата од сопствениот татко, кој толку години имал старателство над неа, ги објасни своите снимки, за кои многумина сметаа дека се загрижувачки, откривајќи дека не знае дали некогаш ќе настапи повторно на која било голема сцена.

„За оние кои ги критикуваат видеата на кои танцувам... Видете, нема да можам да настапам на ниту една сцена со татко ми кој управува со тоа што го носам, кажувам, правам или размислувам. Јас тоа го правам последните 13 години... Повеќе сакам да споделувам видеа од мојата дневна соба, отколку од сцена во Вегас каде некои одеа толку далеку што луѓето не можеа ни да ми подадат рака“ - започна Бритни .

„И, не, нема да ставам тешка шминка и да се обидувам, обидам, обидам повторно на сцената и да не можам да се договорам за ремиксот на моите песни, и да молам да ја ставам мојата нова музика во моето шоу за моите обожаветели. Затоа се откажав. Не ми се допаѓа што сестра ми се појави на доделувањето на наградите и ги изведуваше моите песни во ремикси. Мојот таканаречен систем за поддршка длабоко ме повреди“ - продолжи таа.

„Ова старателство ги уби моите соништа, така што сè што имам сега е надеж и таа е единственото нешто на овој свет што е многу тешко да се убие... Па, сепак, луѓето сè уште се обидуваат. Не ми се допадна начинот на кој документарците презентираа понижувачки моменти од минатото. А, за жените кои велат дека е чудно што сè уште се надевам на бајки - одете ***** се! Како што реков, надежта е сѐ што имам во моментот... Среќни сте што објавувам нешто воопшто“ - напиша поп принцезата.

„Ако не ти се допаѓа тоа што го гледаш, отследи ме. Луѓето се обидуваат да ја убијат надежта затоа што надежта е една од најранливите и кревки работи. Сега одам да прочитам бајка. Ако не сакате да го видите мојот скапоцен задник како танцува во мојата дневна соба или не одговара на вашите стандарди - одете читајте книга!“ - заклучи Бритни.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: