Шпекулации или вистина: Бали бег се разведува, а Вљубениот ерген ќе стане татко?

Шпекулации или вистина: Бали бег се разведува, а Вљубениот ерген ќе стане татко?

Објавена во: Живот // Живот

Јавноста е шокирана од информациите кои ги добива за едни од најпосакуваните турски актери, Бурак Озџвит и Бариш Ардуч, иако барем веста за едниот од нив е среќна.

Бурак Озџвит, односно Бали бег од серијата „Величенствениот“ и Фахире Евџен, попозната како Неџла од познатата турска серија „Кога лисјата паѓаат“ се на работ да се разведат. Имено, турските медиуми ја објавија оваа вест, велејќи дека актерите никако не можеле да си ги решат брачните проблеми.

Како причина за сево ова велат дека била депресијата на Фахире, која неодамна го изгуби својот татко кој се бореше со рак на желудникот. Нејзиниот сопруг, Бурак сакал да и помогне и се грижел за нивното дете, но воедно сакал да и помогне и постојано и велел да посети психолог, но таа не го послушала. Но, иако ова е еден проблем, медиумите пишуваат дека нивниот најголем проблем бил одгледување на синот, бидејќи немале ист став кога е во прашање одгледувањето на детето.

По лошата следува и онаа добрата, а тоа е дека најпосакуваниот ерген ќе стане татко. Имено, турските медиуми почнаа да шпекулираат дека турскиот заводник Бариш Ардуч и неговата сега веќе сопруга Гупсе Озај ќе станат родители. Сево ова започна по нивната брза одлука да се венчаат, но актерот стави на крај на овие гласини.

Не дозволи да се развлече оваа тема и за еден турски портал изјави:

„Овој вид на вест беше она што го очекувавме. Сакаме дете и имаме намера. Доколку има такво нешто, веста ќе ја споделиме со задоволство. Во моментов нема такво нешто.“

Кога ќе се соберете плус и минус, што мислите вие: Дали ова се само шпекулации или е вистина?


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: