Што го прави IQOS револуционерен производ?
Научни истражувања, иновативни решенија и бројни анализи во текот на повеќе од десет години заложба на Филип Морис Интернешaнал доведоа до создавањето на револуционерниот IQOS (ајкос). Токму таа револуционерност доаѓа од неговата суштина, да овозможи автентично искуство, но со значително помало ниво на ризик.
Револуционерноста на IQOS доаѓа од неговата иновативност и начинот на кој на возрасните пушачи им го нуди бараниот ритуал и искуство. Специфичен е начинот на којшто работи овој уред. Истиот го загрева но не го согорува тутунот. При овој процес не се создава чад и не се ослободуваат штетните токсични состојки кои се јавуваат кај пушењето цигари. А познато е дека 95% од штетните состојки кои се причинител за разни кардиоваскуларни и други незаразни болести што се ослободуваат при пушењето цигари се содржани токму во чадот.
Голем број корисници, IQOS го поистоветуваат со електронските цигари, што е сосема погрешно. Главната и суштинска разлика е тоа што IQOS користи вистински тутун, а електронските цигари само загреваат течност во која има никотин, а во извесни случаи и некои дополнително додадени вкусови. А тука е секако, како уште една разлика и автентичноста на самиот ритуал дека се користи вистински тутун толку баран од пушачите.
Затоа за IQOS се вели дека е револуционерна направа, којашто врз научни истражувања и иновативна технологија го нуди првото издржано решение за намалување на ризиците од пушењето.
IQOS како најреволуционерното решение на Филип Морис Интернешнал преку кој тутунскиот гигант ја создава иднината на тутунската индустрија е прв пат лансиран за комецијална употреба во Јапонија во 2014 година. Но, создавањето на новите трендови и тенденции во современиот свет резултираше денес повеќе од 8 милиони корисници на повеќе од 50 пазари во светот да користат IQOS. Атрактивноста на производот, но пред се намалениот ризик во споредба со цигарите, придонесе за брзото ширење и прифаќање на овој производ од страна на возрасните пушачи низ целиот свет.