Што му прави сапунот на вирусот: По ова видео почесто ќе ги миете рацете

Што му прави сапунот на вирусот: По ова видео почесто ќе ги миете рацете

Видео кое покажува како вирусот бега од сапунот...

Една наставничка од Австралија на најдобар можен начин им ја објасни на децата важноста на миењето раце.

Имено, таа во еден сад измешала, вода, сол и бибер и на децата оваа мешавина им ја претстави како „вирус“.

На децата им дозволи со прст да го допрат „вирусот“, а тој воопшто не се поместува, поточно остануваше и на нивните прстиња.

Од друга страна, кога на децата и стави малку сапун и сапунот допреа во „вирусот“, тој веднаш „побегна“ од нив.

Погледнете го фантастичниот пример кој најдобро ја покажува важноста на миењето раце.


Можеби ќе ве интересира: