Што открива за тебе, елката која ќе одбереш?!

Што открива за тебе, елката која ќе одбереш?!

Објавена во: Совети // Тестови

Најмногу сакаш класична или пак мини елка? Твојот избор ќе ти отрие нешто за тебе, пишува Martha Stewart. Во продолжение пронајди ја твојата омилена елка, а останатото ти го пишува под неа!

# Класична елка!

Доколку ја одбра оваа елка, за тебе најважни се традицијата, семејството и квалитетно поминатото време со нив. Не „паѓаш“ на скапи подароци, за тебе едноставноста е клуч за се.

# Мини елка!

Доколку ја одбра оваа мини елка, тоа значи дека си едноставна личност која не сака да комплицира и сметаш дека големината на елката и цената на лампионите не се најважни. Ти си организирана и педантна личност која сака да има се под контрола и обожуваш кога просторот околу тебе изгледа уредно. Исто така, економична личност си и не сакаш да трошиш непотребно.

# Блескава елка!

Доколку светулките, купиштата префинети лампиони и светулки, тоа за тебе значи дека си личност која цени квалитет и модерен изглед. Не сакаш да штедиш и не ти е срам да потрошиш многу пари.

# Ретро елка!

За тебе празниците се традиција и ти со многу љубов ја негуваш. Роден / а си во погрешно време. Своите лампиони често ги изработуваш сам / а или ги собираш старите лампиони на твоето семејство. Не ти е важно истите да се модерни и скапи, туку да бидат од особено значење за тебе и твоето семејство.

# Модерна елка!

Елка од книги, картони или пак грамафонски прочи? За тебе идеална елка е онаа која е поразлична од сите други. Традицијата и класиката не ти се најважни, туку ти си „откачена“ личност која сака нејзината елка да биде посебна.

# Минималистичка елка!

Претераното декорирање кај тебе не е опција. Ти си личност која ќе стави една борова гранка, на неа два лампиони и тоа ќе го нарече елка и ќе ти биде доволно. Не сакаш неред, а минимализмот е твоја „религија“. 


Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: