Што откриваат за тебе фотографиите од летувањето?

Што откриваат за тебе фотографиите од летувањето?

Објавена во: Совети // Тестови

Објавите на Интернет те одредуваат, а концептот на фотографиите зборува многу за тебе...

Ретко кој денес може да се контролира и за време на летувањето воопшто да не го користи мобилниот телефон и да ги следи најновите активности на социјалните мрежи.

Меѓутоа, денес е незамисливо да одиш на море, а на социјалните мрежи да не објавиш неколку фотографии од плажа.

Твоите објави на интернет те дефинираат, а концептот фотографии многу открива за тебе.

Туристите кои сакаат да се фотографираат покрај споменици и историски знаменитости се верува дека се паметни и забавни.

Фотографиите од егзотични коктели на зајдисонце ја откриваат желбата да се пофалите дека прекрасно си поминувате.

Групното селфи го одбираат луѓето кои сакаат да покажат дека имаат многу пријатели, а себе обично се сместуваат во средина.

Оние кои прават селфи, додека лежат на лежачка, сакаат да покажат дека се оригинални и заводливи, додека оние кои скокаат имаат потреба да покажат дека се слободни, но истовремено сакаат да го покажат и телото.

Љубителите на фотографии од сопствените нозе додека лежат на лежалка покрај море или базен се обидуваат да изгледаат уметнички настроени, но основниот мотив им е желбата да ги покажат нозете, тенот и дестинацијата каде се одмараат.

Во која категорија си ти?


Објавена во: Совети // Тестови

Можеби ќе ве интересира: