Што порачува скриената порака на приврзокот на Меган Маркл?!

Што порачува скриената порака на приврзокот на Меган Маркл?!

Објавена во: Живот // Живот

Минатoнеделниот стајлинг на Меган Маркл во Лондон, беше надополнет со сентиментална нота.

Во петокот вечер, Меган, заедно со принцот Хари беа во посета на Националниот театар, притоа таа носеше монохроматски бел комплет со едноставен додаток: приврзок околу вратот.

Дизајнерката на приврзокот, Софи Лис, изрази благодарност што војвотката го носеше нејзиниот накит и го сподели значењето на романтичната порака што ја носи приврзокот.

„Чест ми е да ја видам војвотка од Сасекс како го носи Љубовниот приврзок“, напиша Лис на Инстаграм, додавајќи „Секој ден те сакам сè повеќе, повеќе од вчера помалку од утре. ““


























На приврзокот пишува „Qu’heir“ под знак од дијамант, проследено со знак од рубин и „Que Demain“. Ова е дел од извадок од поемата на францускиот поет од 20-тиот век, Rosemonde Gérard. Целосната поема гласи:

"Car, vois-tu, chaque jour je t'aime davantage / Aujourd'hui plus qu'hier et bien moins que demain", преведено - „Зашто, гледаш, секој ден те сакам повеќе / денес повеќе од вчера, помалку од утре“.

Меган не ретко носи накит со пораки со сентиментално значење. Без разлика дали пораката на приврзокот на Меган беше посветена на принцот Хари, дали е подарок од него или порака до нивниот син, Арчи, пораката е емотивна!

 



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: