Што се крие зад оваа фотка: Каква е судбината на најубавите близначки во светот?

Што се крие зад оваа фотка: Каква е судбината на најубавите близначки во светот?

Објавена во: Moj стил, Семејство

Старата поговорка вели: „Нема грдо дете и млади баби“. На секоја мајка нејзинито дете и е најубаво. И додека на некои мајки им е доволно понекогаш да споделат фотографии на социјалните мрежи од своето дете, на некои жени тоа им е од голема важност, за да му покажат на целиот свет дека нивните деца се најубави и од тоа да направат бизнис.

Слична судбина имаат Леа и Ева Клеменс, близначките, во светот познати како „најубавите сестри“.

Воведувањето на децата во светот на модата може да биде ризично. Додека едни велат дека децата во светот на модата немаат детство, други пак тврдат дека вакво детство ние може само да посакуваат. Постојат многу предности и маани, но реалноста е дека нивните родители си ги исполнуваат сопствените соништа, заработувајќи на убавината на своите деца. 

Кариерата на најубавите сестри во светот, Ева и Леа Клеменс од почетокот била идеа на нивната мајка Жаклин.

Таа вели дека првиот договор со агенцијата за моделинг го потпишала кога девојчињата немале ни една година. Меѓутоа, грижата за три мали деца (бидејќи тие имаат и брат) и постојаните патувања може да бидат многу исцрпувачки, па таа се откажала од „туркањето“ на децата во светот на модата.

Новиот обид на Жаклин беше кога девојчињата наполнија 7 години.

„Ова е мојот омилен број, а и девојчињата се родени на 7 јули. Тие се занимаваа со танц и пливање, па ги „втурнавме“ и во моделингот и тие беа воодушевени“ - раскажува нивната мајка.

Од тој момент се започнало да се одвива со брзина на светлината. Животот на семејството значително се промени. Жаклин најпрво ја повика агенцијата со која веќе соработувала кога децата биле мали, а тие со задоволство ги прифатиле назад. Потоа организирала професионален фотограф и направила порфолио за девојчињата.

Отворила и Инстаграм профил, а бидејќи девојчињата навистина убаво позираат, наскоро секоја втора фотографија е реклама.

Крајот на ноември минатата година нивниот инстаграм профил имаше над 830.000 следбеници.

Наскоро родителите започнале и нови платформи за промоција на своите деца. Жаклин започнала да пишува блог за тоа како е да се биде менаџер на соптствените деца, а на Јутјуб каналот Ева и Леа се прикажани како херои.

„Ми требаа околу 7 или 8 месеци за да сфатам зошто луѓето оваа работа ја нарекуваат луда. Покрај добрите работи како што е запознавањето на нови луѓе, среќата на девојчињата и убавите моменти, тука има и многу лоши работи“ - се жали Жаклин, раскажувајќи како девојчињата мораат да одат во Лос Анџелес на снимањата, а тој пат трае и по 6 саати и често тоа е напорно.

Се зголемиле и трошиците за бензин, поддршка на интерет, одржување на веб страниците итн. Најлошата работа се големите измами во светот на модата. Жаклин наведува и некои точки во договорите на модните агенции кои мораа добро да се проучат при потпишување.

Покрај сето ова, девојчињата секој ден добиваат еден тон негативни коментари на социјалните мрежи. Жаклин наведува дека тие коментари може да се распоредат во 3 групи:

# Изгледаат навистина тажно;

# Нивниот изглед е фотомонтажа;

# Изгледаат како да немаат детство.

Жаклин е сигурна само во едно: во иднина Леа и Ева сами ќе одлучат дали сакаат да продолжат да се занимаваат со моделинг и дека ова нивно ангажирање е само нивна одлука.

Во меѓувреме нивниот постар брат потпишал договор со истата агенција и наскоро и сам ќе заполови во модните води.

Објавена во: Moj стил, Семејство

Можеби ќе ве интересира: