Што се случило во меѓувреме? Принцот Хари ја напушти Англија еден ден пред роденденот на кралицата Елизабета
Иако многумина мислеа дека Хари ќе остане во Велика Британија, принцот очигледно брзаше да се врати кај својата сопруга...
Иако сѐ укажуваше на тоа дека Хари ќе го продолжи престојот во Велика Британија, принцот сепак еден ден пред роденденот нанеговата баба ја напушти земјата.
По погребот на принцот ФИлип и краткиот разговорот со брат му Вилијам, принцот Хари, сепак се врати во Калифорнија. Фотографиите од принцот кој во автомобил со затемнети стакла беше превезен до својот дом во Монтесити го заобиколија светот, а по истите многумина беа шокирани.
Иако обожавателите и приврзаниците на британското кралско семејство се надеваа дека Хари навистина ќе остане подолго откако се шпекулираше дека работата е да се продолжи неговиот престој со цел да се средат односите, особено поради роденденот на кралицата Елизабета, тој не го стори тоа.
Иако сè водеше до тоа Хари да го прослави овој датум со својата баба, особено во сега по неодамнешната смрт на принцот Филип, се чини дека тој брзаше и посака што побрзо да се врати кај својата бремена сопруга Меган Маркл.
Според странските медиуми, принцот Хари ќе мора да помине 10 дена во карантин, а неговиот авион слета на приватниот терминал LAX, резервиран за богати и популарни.
фото: BACKGRID / BACKGRID USA / PROFIMEDIA