Што твојот хороскопски знак говори за твојот стил?

Што твојот хороскопски знак говори за твојот стил?

ОВЕН – тие се популарни, брзи, динамични и со натпреварувачки дух, а нивната облека често е слоевита и комплексна. Овните комбинираат облека која може да се носи и за ноќни, но и за дневни комбинации и многу добро се префрлуваат од една во друга – со истите парчиња.

БИК – го карактеризира чувствителноста, но и силата. Носат квалитетна облека и само таа која им се допаѓа. Во исто време се креативни и сензуални па и облеката им е таква, убава, удобна, но секогаш посебна.

БЛИЗНАЦИ – тие сакаат да се изразуваат со облеката. Одбираат парчиња кои јасно ја отсликуваат нивната силна карактерност, а со оглед на тоа дека се силни и интелигентни, често ги бараат за модни совети.

РАК – тие се интуитивно, страствени, внимателни и нежни. Сакаат елеганција, basic облека која изгледа луксузно. Секогаш знаат да пофалат нечиј изглед кога ќе им се допадне и ги охрабруваат другите да се изразуваат со облеката, како што го прават и тие.

ЛАВ – тие се храбри и сакаат да ризикуваат. Сакаат да драматизираат, па често одлучуваат за предизвикувачки комбинации за кои ретко кој би се одлучил. Тие дефинитивно не сакаат да ги следат модните трендови, навистина се свои.

ДЕВИЦА – стилот им се темели на практичноста. Многу се љубезни и предани по природа, а нивната гардероба се состои од најосновни парчиња и секое утро добро знаат како и со што ќе искомбинираат.

ВАГА – тие се интелигентни, грандиозни и праведни. На нив им е важно потеклото на облеката, дали е органска, рачно изработена и каква е ткаенината. Не би облекле било што.

СКОРПИЈА – кога ќе и се допадне некое парче облека, таа ќе купи во сите бои. Смета дека тоа е практично. Многу е сигурна во себе и знае што сака и што и прилега, а кога е во прашање стилот, многу се лојални на брендовите кои им се допаѓаат и ги носат само нивните парчиња.

СТРЕЛЕЦ – тие се забавни, среќни и оптимистични, а облеката која ја носат е секогаш убава и женствена. Зависи, бидејќи... понекогаш знаат случајно да ги одберат парчињата, а притоа комбинацијата да изгледа одлично.

ЈАРЕЦ – тие се сериозни и организирани, а тоа се приметува и во нивниот стил. Носат класична облека и не им е грижа за трендови. Сакаат удобност и функционалност.

ВОДОЛИЈА – тие се креативни и оригинални. Ги сакаат боите и разновидните принтови, а не им е проблем и заедно да ги комбинираат, а притоа да изгледаат убаво. Сакаат да го следат својот стил, а не модните трендови.

РИБИ – тие се креативни, мудри, сочувствителни и уметнички настроени. Сите овие карактеристики се одразуваат и на нивниот стил, кој е разновиден и поинаков од останатите.

Можеби ќе ве интересира: