Си ја отвори душата: Тејлор прогори за тешката болест на мајка и
Иако за ова првпат проговори во 2015 во емотивниот пост на Tumblr, сега во потполност си ја отвори душата и уште еднаш проговори за оваа тема...
Во искрената исповед за Variety, Тејлор Свифт по првпат проговори за најтешкиот дел од својот живот - болеста со која се бори нејзината мајка. Имено, пред неколку години нејзината мајка, Андреа, откри дека боледува од рак на дојка, а за време на лекувањето, лекарите на нејзината мајка и откриле и тумор на мозокот.
Иако Тејлор веќе отворено призна дека мајка и се бори со тешка болест, никогаш волку искрено не ја отворила душата за тоа како таа и целото нејзино семејство се избориле со тоа.
„Кога мајка ми се лекуваше од рак на дојка, открија дека има тумор на мозокот. Симптомите на личноста која поминува низ оваа болест потполно се поинакви од оние кога имаш рка на дојка, а тој период за целото наше семејство беше неверојатно болен и тежок“.
„Сите ја сакаат својата мајка. На сите мајките им се најважни. А, мојата мајка мене ми е ѕвезда водилка и сила која ме турка напред. Секоја своја одлука најпрво ја поминувам со неа. Така да, да разговарам за нејзината болест е навистина тешко“ - раскажа Тејлор, кога првиот пат ја откри борбата на својата мајка на Tumblr во 2015 година.
Во својата нова песна „Soon You'll Get Better“, Тејлор пее за својата мајка, за посетите во болница и за стравот да не ја изгуби, а повеќе во животот на нејзиното семејство и уште повеќе детали од приватниот живот на Тејлор, обожавателите ќе открија во новиот документарец, Miss Americana кој на Нетфликс ќе се објави кон крајот на овој месец.