СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Бојан Мицев, момчето кое ќе ве освои со својот танц!
За себе вели дека најпрво почнал да игра, па да зборува. Наша овонеделна симпатија е 20 годишниот Бојан Мицев од Штип. Трета година е на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на студиите балетска педагогија – современ танц.
Првата едукација за танцот ја добил родниот град во студиото за хип-хоп и моденрни танци „Get Ready“, на 11 години. Потоа следел моментот кога ги создавал неговите први хип хоп кореографии, а првата работа како педагог во новото студио во Штип „Get Fit“.
Од 17 години почнува професионално да се занимава со современиот танц, а интересно е тоа што една година патувал секојдневно од Штип во Скопје обратно, само за да може да вежба. Бојан денес е инструктор во Beatrix Crew во Скопје, веќе втора сезона. Има посетено и два летни кампа еден во Врање, Србија во 2017 и еден во Мадрид, Шпанија во 2018.
Редакцијата на Hashtag.mk му посакува многу успеси на ова младо и амбициозно момче!