СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Јана Пауновска
Оваа недела наша симпатија е талентираната Јана Пауновска. Јана има 14 години и учи во основното училиште „Вера Јоциќ“ од Скопје. Како што ни откри таа од најрана возраст има огромна љубов кон пеењето, глумата и танцот.
Од нејзината 6 годишна возраст посетува часови по соло пеење кај италијанскиот оперски пејач Горан Диновски, којшто како што вели таа освен семејството и е исто така огромна поддршка во животот.
Паралелно со музиката таа посетувала и часови по глума и по хип -хоп. Јана верува во себе и еден ден сака да стане успешна пејачка, а според она што самата ни го кажа дава се` од себе да го исполни она во што верува.