СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Младата пејачка Леонтина Киранџиска!
Наша овонеделна симпатија е младата пејачка Леонтина Киранџиска. Таа има само 13 години и е 8 – мо одделение во О.У. „Климент Охридски“.
Исто така, учи и во музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, на отсек соло пеење. Музиката е нејзина најголема љубов, а голем доказ за тоа е и фактот што посетува приватни часови по пијано.
Зад себе може да со пофали со учество на детскиот реномиран фестивал „Златно славејче“ во 2015, со песната „Кавалер“ и во 2016 година се појавува на „Охрид фест“ со песничката „Фантазија“. Исто така, настапува и на сите училишни приредби, на кои ги освојува сите со својот глас.
Нашата редакција и посакува многу успеси во нејзината кариера!