СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Младен Филиповски!
Овонеделната симпатија, Младен Филиповски, ни доаѓа од Куманово, има 24 години и е млад и надежен модел. Моментално студира новинарство, на Правниот факултет во Скопје и прави фотосесии со кои ги остава девојките без здив.
Зад себе има неколку реклами во кои се појавува како главна улога, а исто така и многу ревии. Последно беше дел од модната агенција „Моделс Ин“. Моментално е посветен на здравиот начин на живот, како и на вежбањето, па поради тоа речиси секој ден е во теретена.
За свое најголемо животно искуство ги смета двете лета кога бил во Америка и вели дека тие неколку месеци го научиле на многу работи во животот.
„Болен“ е по хорор филмови и нема добар хорор, кој Младен не го изгледал. Како омилено лице од светскиот моден свет го издвојува Мариано Ди Ваио.
И.М.
фото: @mla_den94