СИМПАТИЈА НА НЕДЕЛАТА: Мултиталентираната средношколка Теона Илиевска!
Теона Илиевска е млада и талентирана средношколка. Има 18 години и е трета година во СЕПУГС „Васил Антевски – Дрен“, на правниот смер.
Освен задолжителните училишни обврски, таа активно се занимава со јавно говорење или поточно кажано ораторство. Три години е член во училишниот клуб на оратори „Гарда на мудроста“, а оваа година на ораторската вечер која ја организира клубот го освои второ место, со својот неверојатно емотивен говор.
Но, правото и јавното говорење не се едиствените љубови на Теона. Имено, таа се занимава и со пеење. Иако е се уште почетник во оваа професија, таа минатата година освоила трето место на училишните смотри.
Теона е уште еден пример како еден тинејџер со добра организација и многу љубов може да постигнува успеси на повеќе полиња. Нашата редакција и посакува многу успеси!
И.М.