Симпатија на неделата: Пејачката Анастасија Аврамовска

Симпатија на неделата: Пејачката Анастасија Аврамовска

Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Оваа недела наша симпатија е новата тин ѕвезда - Анастасија Аврамовска.  

Анастасија има 17 години и годинава дебитираше на неодамна одржаниот фестивал „Макфест“. Таа иако настапи како дебитант, со песната „Ме научи да бидам своја“ го освои високото 4. место. Со нејзиниот сценски настап, гласот и певливата, хитовска песна успеа да ги собере симпатиите на публиката. 

Бидејќи е на почеток на кариерата, ни откри дека во моментов му е посветена исклучиво на пеењето. 

„Ме научи да бидам своја“ е дело на Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, а текстот е на Даниела Хаџи -Тоневска. Во продолжение погледнете го нејзиниот настап на „Макфест“.


Објавена во: Мода // Crush Of The Week

Можеби ќе ве интересира: