Симптомите на болеста која му е дијагностицирана на Џастин Бибер: Ова предизвикува парализа на лицето и воопшто не е безопасно!

Симптомите на болеста која му е дијагностицирана на Џастин Бибер: Ова предизвикува парализа на лицето и воопшто не е безопасно!

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Десната страна на лицето му е целосно парализирана! Поради сериозни здравствени проблеми ги откажа сите настапи.

Имено, на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер му е дијагностициран синдромот Рамзи Хант. Како што велат, вирусот го зафатил нервот на увото, што, всушност, предизвикало парализа.

Ремзи-Хант синдромот, е вирусна инфекција на геникулатниот ганглион, фацијалниот нерв, што се јавува кога инфекцијата со херпес зостер влијае на фацијалниот нерв.

Овој синдром обично се поврзува со црвен осип и плускавци во увото или ушната школка, а понекогаш и на непцето или јазикот. Таа е предизвикана од реактивирање на вирусот на херпес зостер, кој претходно предизвикувал сипаници кај пациентот.

Покрај болниот осип на херпес зостер, овој синдром може да доведе до парализа на лицето и губење на слухот во увото погодено од инфекцијата. Така, вирусот го инфицира фацијалниот нерв, кој ги инервира и ги контролира мускулите на лицето.


Во некои случаи, херпес зостер може да доведе до рани симптоми кои се појавуваат неколку дена пред да се појави болниот осип, како што се:

-главоболка

-чувство на чешање

-треска

Исто така, еден од главните симптоми е губење на слухот на едното уво. Потоа се појавуваат болни меурчиња, осип во внатрешноста на ушниот канал, на тапанчето, јазикот и/или на непцето. Ова се случува на истата страна како и слабоста на мускулите на лицето, ако инфекцијата го зафатила лицето. Пациентот има вртоглавица, слабост на лицето со отежнато затворање на едното око и опуштање на лицето на едната страна.

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, клинички преглед, рендген, отолошки преглед, серолошки тестови (ELISA и вирусна изолација во ткивна култура)


Фото и Видео: Инстаграм

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: