Сине, Маркијан победивме: Ребека издејствува повеќе сензорни соби во градинките во Карпош (ФОТО)

Сине, Маркијан победивме: Ребека издејствува повеќе сензорни соби во градинките во Карпош (ФОТО)

Објавена во: Совети // School zone

Пејачката Ребека Јанковска - Ристеска сподели среќни вести на својот Фејсбук профил...

Пејачката Ребека Јанковска - Ристеска освен што е позната по својата музика, таа е еден од најголемите поборници за подобри услови за живот на децата и воопшто лицата со нетипичен развој.

Овој на својот Фејсбук профил гордо сподели уште една новина, која успеала да ја издејствува заедно со сите оние кои директно или индиректно се вклучени во реализирањето на проектот.

„Маркијан победивме. Не една, туку повеќе сензорни соби во општина Карпош во градинките. На четвртата форумска сесија се гласаше ЗА!!! Овој проект доби најмногу поени! Сензорни соби за поддршка за сите деца со нетипичен развој, поддршка за наставниците, воспитувачите, родителите, општината. Вака се сака Македонија и само кога мислиме и на оние кои живот со нас, во комшии и се наши сограѓани, а им е потребна поддршка и помош! Сега се надевам дека ќе се обучи кадарот и ќе нема веќе изговори дека нема место и услови за овие деца во општина Карпош! Сакам да верувам дека и другите општини ќе го следат овој пример!

Здружението „Дајте ни крилја“ и РЦ на родители на деца со посебни потреби беше вклучено и активно ги следеше форумските сесии и со нашите обраќања мислам дека придонесовме во подигнување на свесноста и помогнавме да се изгласа овој проект и да се реализира до крајот на годината. Се радувам што има луѓе и што нашиот глас допира до нив. П.С. Маркијан беше на последната форумска сесија“ - истакна пејачката во своето обраќање на Фејсбук.


Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: