Синот на Бекам сака да стане пејач: Го ангажираа менаџерот на Џастин Бибер

Синот на Бекам сака да стане пејач: Го ангажираа менаџерот на Џастин Бибер

Објавена во: Музика, Таленти

Најмладиот син на Викториа и Дејвид Бекам е сигурен дека сака да владее на топ листите и да се занимава со музика. 14 годишниот Круз Бекам ги има сите предиспозиции да стане нова поп ѕвезда и постигне светски успех па неговите родители одлучиле да направат се што е во нивна моќ да му помогнат во тоа.

Викториа и Дејвид наместо Симон Фулер, кој е најзаслужен за светскиот успех на Spice Girls, но и за самиот бренд на Бекамови, одлучија да го ангажираат Скутер Браун да ја води кариерата на нивниот син. Браун е заслужен за успехот на Џастин Бибер и пејачката Ариана Гранде, па поради тоа Бекамови одлучија дека некој „помлад и поиновативен“ може многу повеќе да направи за нивниот син.

Пред неколку години Круз на интернет објави снимка како пее, која за брзо стана хит. На овој начин ги „натера“ своите родители да му платат часови по гитара.


Објавена во: Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: