Синот на Џон Бон Џови ја запроси ѕвездата на серијата „Stranger Things“: 19-годишната актерка го покажа огромниот веренички прстен (ФОТО)

Синот на Џон Бон Џови ја запроси ѕвездата на серијата „Stranger Things“: 19-годишната актерка го покажа огромниот веренички прстен (ФОТО)

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Мили Боби Браун со следбениците на Инстаграм ги сподели среќните вести...

Мили Боби Браун, ѕвездата на серијата „Stranger Things“ ја запроси нејзиниот долгогодишен партнер, Џејк Бон Џови, а актерката убавите вести ги сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Имено, оваа 19-годишна актерка се пофали со огромниот веренички прстен со кој ја запроси Џејк, кој инаку е син на Џон Бон Џови.

Актерката очигледно е подготвена за брачен живот со Џејк, и убавите вести не сакаше да ги крие, а со следбениците сподели една од нивните романтични фотографии.

„Те сакам веќе три лета, душо, сакам сѐ“ - напиша актерката.

За разлика од неа, Џејк сподели низа нивни фотографии од истиот ден, покрај кои напиша: „Засекогаш“.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: