Синот на Кристијано Роналдо чекори по стапките на својот познат татко: Манчерстер Јунајтед го претстави како нов член
Изгледа дека Португалецот доби наследник во Јунајтед, бидејќи Роналдо Џуниор момчето потпиша договор со клубот...
Една од вестите која во англиските медиуми привлече многу внимание беше онаа за синот на Кристијано Роналдо, Кристијано Роналдо Јуниор.
Имено, изгледа дека Португалецот доби наследник во Јунајтед, бидејќи Роналдо Јуниор потпиша за тој клуб.
На 17 јуни ќе наполни 12 години, а сега официјално е претставен како нов играч во младинската група на „Црвените ѓаволи“ заедно со соиграчот Габријел. Ја одбра „седмицата“, бројката која е заштитен знак и на неговиот татко.
На официјалното претставување поддршка на малиот Кристијано му беа Џорџина и неговиот брат и сестри.
„Заедно ги следиме нашите соништа. Те сака, Мама“ – напиша Џорџина покрај фотографиите од овој настан.