Синот на Вил Смит го поддржа познатиот татко откако актерот му удри шлаканица на Рок: „Ние тоа го правиме така“

Синот на Вил Смит го поддржа познатиот татко откако актерот му удри шлаканица на Рок: „Ние тоа го правиме така“

Објавена во: Stars // Филм

„Говорот на мојот татко ме расплака“ - напиша Џејден...

Синот на Вил Смит и Џејди Пинкет Смит, Џејден се огласи на Твитер по вечерта исполнета со настани кои се поврзани за неговите родители. Откако неговиот татко на 94-тото доделување на Оскарите му удри шлаканица на Крис Рок, наследникот на познатиот актер кратко порача:

„Ние тоа така го правиме“ - напиша набрзо по завршувањето на настапот.

Во другиот твит додаде: „Говорот на мојот татко ме расплака“.

Оскарот за најдобра машка улога, кој Вил Смит го доби на вчерашното доделување на наградите на Академијата остана во сенка поради неговиот конфликт со колегата Крис Рок. Вил Смит во еден момент стана и пред сите му удри шлаканица на комичарот, откако тој направи мала шега на сметка на неговата сопруга.

Рок во еден момент требало да го прогласи најдобриот документарец, но пред прогласувањето направи неколку шеги. Една од нив беше упатена на Џејди Пинкет Смит, на сметка на нејзината избричена глава.

„Еј Џејда, едвај го чекам филмот „Џи Ај Џејн 2“ - кажа тој, алудирајќи на нејзината избричена глава, каква што имаше Деми Мур во овој филм од 1997 година.


Џејда во тој момент преврте со очите, видно изнервирана, а Смит стана и му удри шлаканица. Иако на прв поглед сѐ изгледаше како шега, дека конфликтот е реален беше јасно кога Смит се врати на место и низ пцовки му порача на Рок неговата сопруга да не ја става во уста.

Инаку, Џејд Пинкет Смит минатата година откри дека се бори со алопеција и дека поради тоа морала да ја избричи главата.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: